УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО СО ОДРЕДЕНИ ИСКЛУЧОЦИ, НАЈАВИ ВЛАДАТА

    УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО СО ОДРЕДЕНИ ИСКЛУЧОЦИ, НАЈАВИ ВЛАДАТАВладата ќе наведе каде ќе се направат исклучоци за физичка настава; - Oд минатогодишниот почеток ма школската година на 2 октомври (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владиниот кризен штаб одлучи наставата во основните и во средните училишта да почне и да се одвива со физичко присуство на учениците, како пред пандемијата од ковид-19.

    „На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, беше оценето дека се создадени услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе биде донесена на наредната владина седница“, соопшти Владата.

    Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на Штабот, е големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар. Моментално 60 проценти од нив се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата.

    „Во оваа насока, се и протоколите, изработени од епидемилози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата. На состанокот беше заклучено дека и кај вработените во градинките и останатиот персонал продолжува вакцинацијата, а моменталниот процент е 60 проценти“, се додава во соопштението.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира