УЧЕНИЦИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ШКОЛО

    УЧЕНИЦИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ШКОЛОУписот на првачињата за учебната 2О2О/2О21 година ќе се врши во јуни. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за образование и наука Арбер Адеми на својот Фејсбук профил објави дека се укинува државната матура и завршниот испит за оваа учебна година.

    „Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година. Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома“, напиша министерот, додавајќи дека одлуките се донесени на денешната седница на Владата.

    Министерот Адеми на прес-конференцијата додаде дека сите ученици ќе добијат диплома, која ќе има важност како и дипломите што се доделуваа досега.
    Уписот на првачиња наместо на мај, ќе почне во јуни, а списоците со запишани ученици ќе бидат истакнати во училиштата најдоцна до 15 јули.

    Во наредниот период со конкретна уредба која ќе биде донесена од Влада ќе се регулира уписот на факултетите. За уписот во средно училиште, министерот рече дека наскоро ќе се изготват упатствата и протоколите со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за тоа како ќе се одвиваат уписите и во основните и во средните училишта.

    Министерот додаде дека со оглед на тоа дека откако на 10 март беше донесена одлука од Владата да се затворат сите воспитно-образовни институции, и пред да се воведе далечинското учење, учениците изгубија часови од една недела, надоместувањето ќе биде регулирано со уредбата од Владата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира