УЧЕНИЦИТЕ САМО ГО ПОВТОРУВААТ ЗНАЕЊЕТО, А НЕ ЗНААТ ДА ГО УПОТРЕБАТ НАДВОР ОД ШКОЛОТО, ЗАТОА ЌЕ ИМА ТЕСТИРАЊА, НАЈАВИ ЦАРОВСКА

    УЧЕНИЦИТЕ САМО ГО ПОВТОРУВААТ ЗНАЕЊЕТО, А НЕ ЗНААТ ДА ГО УПОТРЕБАТ НАДВОР ОД ШКОЛОТО, ЗАТОА ЌЕ ИМА ТЕСТИРАЊА, НАЈАВИ ЦАРОВСКАПИСА тестирањето ќе биде пробно, првпат ќе се реализира електронски, а приемерокот е околу 50 средни училишта и околу три илјади ученици на 15-годишна возраст. - Од уписите на средношколците годинава. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Околу 4 илјади ученици од четврто одделение од 150 училишта во земјава во април и мај ќе имаат ПИРСЛ тестирање за читање со разбирање, рече денеска националната координаторка за меѓународните тестирања Бети Ламева, на заедничка прес-конференција со министерката за образование и наука Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска.

    Во тек е изборот на ученици кои ќе бидат вклучени. Тестирањето е на принципот молив-хартија и ќе биде на македонски и на албански јазик. Во истиот период ќе биде и ПИСА тестирањето, што ќе биде пробно, првпат ќе се реализира електронски, а примерокот е околу 50 средни училишта и околу три илјади ученици на 15-годишна возраст.

    „Целта на ПИСА не е да се рангираме, туку да видиме со кои процедури кај нас, дали првпат електронски, на кој начин ќе се спроведува и сите работи кои ќе ги заклучиме да може во главното тестирање да се подобрат. Секаде во свет сега е пилот тестирање. За ПИРЛС ќе имаме рангирање врз база на постигнувањата на учениците на таа возраст што ќе ги освојат и сите оние фактори кои влијаат врз нивните постигања, а после тестирањето ќе направиме и длабински анализи да видиме што на таа возраст можеме да подобриме и што влијае на таа возраст“, кажа Ламева.

    Министерката Царовска рече дека најголем процент од  нашите ученици досега го репродуцираат своето знаење или тие се обучени за тоа, наспроти она што е светски тренд, а тоа е дека тие треба да се оспособат да го искористат своето научено знаење во непознати ситуации во училиштето или надвор од него.

    „Токму за таков тип на образование ќе се стремиме во наредниот период. Сето ова подобрување и анализи бараат тимска работа, токму затоа во перидот кој следи“, додаде министерката.

    Според анализата од постигнувањата на учениците во ПИСА, во 2015 се бележи тренд на опаѓање, но во 2018  драстично зголемување во однос на претходната. Македонија е е една од државите со најголем пораст во сите категории кои ги мери ПИСА тестирањето – читање со тестирање, математичка писменост и писменост во природните науки, кои треба да бидат применети во секојдневниот живот. Меѓу заклучоците се, како што рече министерката, дека раниот детски развој и посетата на предучилишно образование влијае позитивно во постигнувањето на учениците, како и обезбедувањето на воннаставни активности.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира