УЧИЛИШТАТА ДА НЕ ИМ НАПЛАЌААТ ЗА СВИДЕТЕЛСТВА НА ОСНОВЦИТЕ И НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, ЗАБРАНЕТО Е, ПРЕДУПРЕДИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    УЧИЛИШТАТА ДА НЕ ИМ НАПЛАЌААТ ЗА СВИДЕТЕЛСТВА НА ОСНОВЦИТЕ И НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, ЗАБРАНЕТО Е, ПРЕДУПРЕДИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛНародниот правобранител има сознанија дека повеѓе години одредени основни и средни училишта им наплаќаат на учениците за свидетелтвата на крајот на школската година, а некои го направиле тоа годинава за првпат (Фото:СДК.МК)

    Народниот правобранител, имајќи ги предвид сознанијата дека дел од училиштата во државата им наплаќаат на учениците за издавање на свидетелство за завршено образование, како и дека ова, како што се наведува во соопштението, се случува повеќе години, предупреди дека училиштата не смеат да наплаќаат за издавање на овој документ.

    Согласно правната регулатива која го уредува правото на образование (Законот за основно и Законот за средно образование) секое дете, има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование, односно право на средно образование кое е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови. При тоа, средното образование во јавните средни училишта е бесплатно.

    „Со оглед дека учебната година заврши, a на учениците треба да им бидат издадени свидетелства, кои пак, се неопходна документација за запишување односно продолжување на образованието, Народниот правобранител им укажува на училиштата дека свидетелството претставува јавна исправа која во еден примерок му се издава на ученикот и за издавање на истото не смеат да ги условуваат учениците односно родителите/старателите со претходно уплаќање на определени средства“, вели омбудсманот.

    Во тој контекст Народниот правобранител ги охрабрува учениците односно нивните родители/старатели ваквите случаи на наплата кои се вршат спротивно на закон да ги пријават во Државниот просветен инспекторат или кај Народниот правобранител, а воедно апелира од страна на овој орган кој врши контрола над работата на училиштата и остварувањето на правата во областа на образованието соодветно да реагира за да ги спречи ваквите незаконити наплати и истите да се санкционираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира