УХМР НЕ ЗНАЕ КАКВО БИЛО ВРЕМЕТО КОГА ИСЧЕЗНА АВИОНОТ, НЕ МЕРИ ОКОЛУ АЕРОДРОМОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УХМР НЕ ЗНАЕ КАКВО БИЛО ВРЕМЕТО КОГА ИСЧЕЗНА АВИОНОТ, НЕ МЕРИ ОКОЛУ АЕРОДРОМОТ

    Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека не можат да кажат какви биле временските услови во периодот кога слетувал авионот што попладнево околу 17.40 исчезна при слетувањето на Скопскиот аеродром. Од таму за САКАМДАКАЖАМ.МК објаснуваат дека метеоролошката станица Петровец ги бележи податоците со сите вредности што се важни за безбедно летање и поради тоа, таа е во исклучива надлежност на аеродромот.

    Во Скопје во тоа време врнеше дожд, кој на момент беше и пороен, но немаше ни ветер, ни грмежи.

    Според веб сајтот на Аеродромот Александар Велики во периодот кога исчезнал авионот слетаа два авиона – едниот во 17.44 од Бергамо, а другиот во 18.23 од Меминген, двата лета на Визер, со авиони од типот Ербас 320 со 180 седишта.

    Авионот што исчезна е мало летало од типот Пајпер Сенека 2, со капацитет од 6 патници. Леталото е регистрирано во Германија, а е сопственост на авио клубот од Тревизо, Италија и според првите информации на МВР паднал близу селото Ветерско, Велешко, на вообичаената рута за слетување кон Скопскиот аеродром.

    Според контролата на летање, авионот бил најавен да слета за дополнување гориво. Полетал од Тревизо, а не се знае која била крајната дестинација, ниту колку патници имало во него и со какво државјанство.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира