УКРАДЕНА ИЗЈАВАТА ОД ДОСИЕТО НА РОДИЛКАТА КОЈА ВО ДВЕ РОДИЛИШТА КРИЕШЕ ДЕКА ИМАЛА КОНТАКТ СО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    УКРАДЕНА ИЗЈАВАТА ОД ДОСИЕТО НА РОДИЛКАТА КОЈА ВО ДВЕ РОДИЛИШТА КРИЕШЕ ДЕКА ИМАЛА КОНТАКТ СО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19„Пациентите ли да ги лекуваме или документите да ги чуваме“ - директорката на ГАК Викторија Јовановска. (Фото: СДК.МК)

    Полиција ќе истражува кој од Клиниката за гинекологија ја украл изјавата од досието на родилката што лажела дека немала контакт со позитивен на КОВИД-19. Директорката на Гинеколошко акушерската клиника Викторија Јовановска за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека некој го украл само тој лист од нејзиното досие, дури се гледа и како тој документ е насила истргани затоа повикала полиција за да види кој влегол без дозвола во канцелариите каде се чува медицинската документација.

    „Пациентите ли да ги лекуваме или документите да ги чуваме, ни изјави директорката Јовановска која се жали дека веќе трет ден цел персонал, лекари и сестри се занимаваат со неодговорното однесување на родилката и на нејзиното семејство.

    „Цел ден ги проверуваме камерите, а тоа не е наша работа, особено не сега кога имаме епидемија на КОВИД-19 и зголемен број на суспектни и позитивни пациентки. На камерите се гледа дека таа го потпишува документот, ама сега го немаме“, вели директоротката Јовановска. Таа се жали и дека имала притисоци од повеќе места откако во јавноста излезе веста за неодговорната родилка, која во моментов се лекува на Инфективната клиника.

    За разлика од приемот на Гинекологија и во приватната болница „Ремедика“, пациентката при приемот на Инфективната клиника признала дека веќе 7 дена ја боли грло.

    Ако пациент потпише изјава дека немал контакти со позитивни лица и дека нема коронавирус, кривично се одговара доколку се утврди дека лажел.

    И директорот на Гинекологија Чаир Башким Исмаили денес ни изјави дека пациентки не ја кажуваат вистината, ги кријат контактите и дека досега имале три позитивни родилки кои потпишале изјава дека немале контакти со позитивни.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира