УКРАДЕНИ ТАБЛИЧКИТЕ ОД МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ВО ГРЦИЈА И СО СПРЕЈ СМЕНЕТ КОДОТ

    УКРАДЕНИ ТАБЛИЧКИТЕ ОД МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ВО ГРЦИЈА И СО СПРЕЈ СМЕНЕТ КОДОТКочанскиот автобус по враќањето од Грција паркиран во Штип без таблици и со меѓународни кодови испишани со спреј. (Фото: СДК.МК)

    Автобус на компанијата „Атом“ од Кочани по еднонеделниот престој во Грција морал да се врати во Македонија без регистерски таблички на чие што место наместо меѓународниот код МК со спреј бил испишано дека македонскиот код е грчки.

    Двокатниот автобус превезувал осумдесет деца од Штип кои престојувале во летниот камп „Александрија“ меѓу туристичките градови Аспровалта и Кавала. Еден ден пред да се врати групата ученици од основните училишта во Штип, возачите на автобусот забележале дека задната регистерска табличка била украдена и на нејзино место со црни букви испишано дека меѓународниот код MK е всушност ГР.

    „Сите деца можат да кажат дека поминавме прекрасни седум дена кои беа исполнети со секојдневни мошне богати активности. Од сместувањето, исхраната и тренинзите што ги имавме на море, базените, реките и спортските терени сите сме презадоволни. Овој инцидент на никого не може да го наруши впечатокот, но жалиме што сепак на крајот се случи иако ние се оградуваме од ова и сметаме дека не оди во прилог на добрососедските односи меѓу двете земји. Најважно што не активиравме ниту едно осигурување на децата“, велат преtставниците на автобуската компанија и организаторите на летниот камп кои го пријавиле случајот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира