УКРАИНА ЌЕ БИДЕ ПРИОРИТЕТ НА МАКЕДОНСКОТО ПРЕТСЕДАВАЊЕ СО ОБСЕ, КАЖА ОСМАНИ ВО ВИЕНА

    УКРАИНА ЌЕ БИДЕ ПРИОРИТЕТ НА МАКЕДОНСКОТО ПРЕТСЕДАВАЊЕ СО ОБСЕ, КАЖА ОСМАНИ ВО ВИЕНАМинистерот за надворешни работи Бујар Османи во седиштето на ОБСЕ во Виена. (Фото: МНР)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Виена ја презентираше програмата на македонското претседавање со ОБСЕ и кажа дека Украина и понатаму ќе биде главен приоритет во работењето на најголемата светска регионална безбедносна организација.

    „Украина ќе остане наш главен приоритет. Агресијата мора да престане. Опустошувањето и убивањето на цивилно население се неприфатливи. Вознемирувачки е да се гледа како луѓето страдаат. Последиците и цената од оваа војна за регионот на ОБСЕ и пошироко се жалосни и неподносливи“, рече Османи.

    Понатаму, тој рече дека под водство на Македонија, ОБСЕ ќе се стреми кон засилување на теренската работа, што претставува значаен предуслов за подобрување на животот на луѓето, кои се крајни корисници на активностите на организацијата.

    „ОБСЕ има докажани резултати од своето делување во различни региони. Овде зборувам за искуството на нашата земја. Како земја домаќин на теренска мисија на ОБСЕ, нашата земја може е компетентна да посведочи за придобивките од теренското присуство на ОБСЕ. Уверен сум дека и другите земји домаќини на теренски мисии на ОБСЕ го делат ваквото мислење. Затоа, не треба да чуди податокот дека приоритетот на нашето претседателство со организацијата е ставањето фокус на луѓето“, кажа Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира