УКРАИНА ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ВО ЕУ, АМА НЕ ГО ПРЕСКОКНУВАЈТЕ ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ ОСМАНИ

    УКРАИНА ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ВО ЕУ, АМА НЕ ГО ПРЕСКОКНУВАЈТЕ ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ ОСМАНИ„првата одлука за да се спречи влошувањето и на ситуацијата во регионот е веднаш да се започнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија“, рече Османи. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека Европската унија не смее да го остави Западен Балкан како отворена рана во срцето на ЕУ и треба веднаш да се деблокира почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија, кои се блокирани од Бугарија.

    Османи, на денешниот брифинг со новинарите, кажа дека Украина заслужува европска перспектива, откако вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе барање за прием во ЕУ, но дека според редот на нештата не може да се прескокне Западен Балкан и да се оди кон периферијата на Европа.

    „Првиот чекор, ургентниот чекор што треба да се направи е веднаш да се деблокира почетокот на преговори за овие две држави за да можеме и ние да помогнеме да ги превенираме евентуалните влошувања на приликите во овие две прашања. Меѓутоа, во услови кога ние имаме наша ситуација не можеме да придонесеме како што треба ако членка на НАТО овде во регионот или пак подолг кандидат за ЕУ со искуство во овие процеси. Значи, првата одлука за да се спречи влошувањето и на ситуацијата во регионот е веднаш да се започнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија“, рече Османи.

    Како што кажа Османи, ситуацијата со Украина уште еднаш алармира до ЕУ дека не смее да го остави Западен Балкан како отворено прашање и отворена рана, и оти треба под итно да се преземат сите мерки за да во регионот се внесе нова динамика која што дополнително ќе ја зацврсти улогата на ЕУ на глобалната сцена.

    „Порано реков, во своето тело ЕУ има една рана, а тоа е Западен Балкан. Не може да се бори против предизвиците на светско ниво додека таа рана и е во телото. И затоа мислам повеќе од кога било е неопходно ЕУ да смогне сили за да даде позитивна динамика во оваа слаба точка на Континентот што може да биде искористена за да се ослаби позицијата на ЕУ визави овој конфликт“, додаде министерот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира