УНЕСКО ГИ ПРОГЛАСИ БУКОВИТЕ ШУМИ ВО КАЊОНОТ ДЛАБОКА РЕКА ЗА СВЕТСКО ПРИРОДНО БОГАТСТВО

    УНЕСКО ГИ ПРОГЛАСИ БУКОВИТЕ ШУМИ ВО КАЊОНОТ ДЛАБОКА РЕКА ЗА СВЕТСКО ПРИРОДНО БОГАТСТВОДлабока Река е дел од планинскиот масив Кораб (Фото: Г. Конев)

    Буковите шуми во кањонот Длабока Река, кој е дел од националниот парк Маврово, се прогласени за светско природно богатство од страна на УНЕСКО, објави Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Длабока Река е дел од планинскиот масив Кораб и тамошните букови шуми се карактеризираат со природни процеси кои се речиси недопрени од човекот во последните 100 години. Со ова признание, тие добиваат статус на светско природно богатство, покрај древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.

    Номинацијата ја иницираа Министерството за животна средина и просторно планирање и националниот парк Маврово, а е изработена со поддршка од Институтот за екологија во Клагенфурт (Австрија) и национални експерти.

    Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ја донесе на вчерашната проширената 44. сесија во кинескиот град Фуџоу.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира