УНГАРИЈА ЌЕ ПРАТИ 30 ПОЛИЦАЈЦИ ДА ЈА ЧУВААТ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНИ ПОМИНУВАЊА

    УНГАРИЈА ЌЕ ПРАТИ 30 ПОЛИЦАЈЦИ ДА ЈА ЧУВААТ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНИ ПОМИНУВАЊАУнгарското МВР веста ја соопшти вчера, еден час откако Кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во Будимпешта и побарал азил во Унгарија (Фото: СДК.МК)

    Унгарија ќе прати полициски контингент со 30 полицајци во Македонија за да се зајакне заштитата на границата од илегални минувања на мигранти, соопшти унгарското МВР. Оваа вест беше соопштена вчера, еден час откако Кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во Будимпешта и побарал азил во Унгарија.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски завчера рече дека Груевски ја напуштил Македонија преку илегален премин, но нема официјални податоци за тоа каде точно се упатил и од каде и на кој начин влегол во Унгарија.

    Според унгарската полиција, контингентот ќе патролира на македонско-грчката и македонско-бугарската граница, а опремен е со теренски возила, уреди за ноќно гледање, рачни термални камери, заради откривање и спречување на илегални преминувања и спречување трговија со луѓе и шверцување нелегални мигранти. Ист таков унгарски контингент со 15 полицајци ќе биде испратен и во Србија.

    Унгарски полицајци и досега беа дел од европските полициски сили што ја заштитуваат македонската граница од илегални мигранти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира