УНИЦЕФ: ЕДНА ТРЕТИНА ОД ЈАВНОСТА НЕ ПРИФАЌА ЛИЦЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ

    УНИЦЕФ: ЕДНА ТРЕТИНА ОД ЈАВНОСТА НЕ ПРИФАЌА ЛИЦЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ

    Скопје, 21 март, 2016 – (META) Повеќе од една третина од јавноста (36 проценти) не прифаќа дете со Даунов синдром да живее во исто соседство со нив. Само 4 проценти од јавноста верува дека децата со попреченост треба да одат во редовни училишта и да посетуваат редовна настава заедно со своите врсници. Само 16 отсто од јавноста верува дека децата со попреченост, доколку им се даде поддршка, ќе можат да водат независен и продуктивен живот како возрасни.

    Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на УНИЦЕФ, по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром (21 март).

    – Во нашата земја е многу поголема веројатноста за исклучување на децата со попреченост во споредба со другите деца. Во предучилишното образование само 0,5 отсто од запишаните деца се деца со попреченост. Исто така, поголема е веројатноста децата со попреченост да бидат лишени од правото да растат во семејство. Мнозинството (55 отсто) од децата што се сместени во институции се деца со попреченост – се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

    Оттаму порачуваат дека на децата со попреченост не им треба сожалување и милостина, туку општество кое ќе биде посвесно за нивните права и ќе почне прво да ги гледа нивните способности, пред да ја забележи попреченоста.

    – Им треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството, како учесници способни да ги бараат своите права, способни да живеат исполнет живот и способни да придонесуваат во изградбата на инклузивно и на одржливо општество – апелираат од УНИЦЕФ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари