УШТЕ 13 ПОЧИНАТИ И 725 КОВИД ПОЗИТИВНИ ОД 3.342 ТЕСТОВИ, ДОСЕГА ВКУПНО 100.663 ЗАБОЛЕНИ

    УШТЕ 13 ПОЧИНАТИ И 725 КОВИД ПОЗИТИВНИ ОД 3.342 ТЕСТОВИ, ДОСЕГА ВКУПНО 100.663 ЗАБОЛЕНИНовозаболени се регистрирани најмногу во Скопје – 274. (Фото: К. Попов)

    Тринаесет лица починаа за 24 часа по компликации од ковид-19, а од 3.342 тестирања, регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 , со што вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 100.632, вели Министерството за здравство.

    Пријавени се по 4 пациенти од Скопје (85, 78, 72, 64) и Куманово (70, 63, 57, 50) и по еден пациент од Тетово (66), Прилеп (72), Битола (71), Велес (75) и Пробиштип (83). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка – по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија – по 3, Кичево – 2, Берово – 1.

    На Инфективните оддели во  Скопје и во болниците низ земјава лежат  655 и има околу 410 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 215 оздравени пациенти од: Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино – по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш – по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 1.

    Направени се 3.342 тестови преку: ИЈЗ-1029, ЦЈЗ Скопје-86, Авицена-268, Биотек-337, Жан Митрев (Филип Втори)-116, Систина-218, Лаор–183, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-92, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-45, Ремедика-23, ИБЗД Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 903, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.

    Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на ковид-19. Оздравеа 90.311, починаа 3.098, а активни се 7.223.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 43959, активни 3153
    Куманово 5496, активни 222
    Тетово 5395, активни 259
    Прилеп 5232, активни 551
    Гостивар 3755, активни 132
    Штип 3633, активни 118
    Битола 3392, активни 156
    Велес 3398, активни 235
    Охрид 3187, активни 434
    Кавадарци 3213, активни 508
    Струмица 2674, активни 151
    Струга 2378, активни 175
    Кочани 1804, активни 62
    Кичево 1761, активни 60
    Гевгелија 1164, активни 151
    Неготино 1154, активни 152
    Свети Николе 1105, активни 24
    Ресен 803, активни 71
    Крива Паланка 807, активни 67
    Дебар 788, активни 43
    Радовиш 744, активни 31
    Делчево 730, активни 190
    Берово 639, активни 28
    Пробиштип 536, активни 23
    Виница 515, активни 22
    Валандово 356, активни 23
    Кратово 272, активни 36
    Демир Хисар 260, активни 10
    Крушево 265, активни 60
    Македонски Брод 252, активни 7
    Богданци 255, активни 29
    Демир Капија 238, активни 28
    Македонска Каменица 193, активни 4
    Пехчево 184, активни 3
    Дојран 95, активни 5

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира