УШТЕ 33 ПОЧИНАТИ ОД 39 ДО 85 ГОДИНИ И 703 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.763 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 33 ПОЧИНАТИ ОД 39 ДО 85 ГОДИНИ И 703 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.763 ТЕСТОВИБројот на починати од почетокот на пандемијата кај нас е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 708 нови случаи на ковид-19 од направени 2.763 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.

    Пријавени се вкупно 33 починати лица: осум пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по четири пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), тројца пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по двајца пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г). Сите се починати во болнички услови.

    Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 887 пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 56.744, активни 9490
    Прилеп 6.905, активни 1085
    Куманово 6.666, активни 817
    Тетово 6.216, активни 572
    Гостивар 4.462, активни 482
    Кавадарци 4.361, активни 742
    Велес 4.373, активни 693
    Битола 4.261, активни 659
    Штип 4.188, активни 428
    Охрид 4.051, активни 732
    Струмица 3.189, активни 323
    Струга 2.640, активни 205
    Кочани 2.205, активни 239
    Кичево 1.959, активни 154
    Неготино 1.886, активни 441
    Гевгелија 1.775, активни 393
    Свети Николе 1.248, активни 116
    Крива Паланка 1.046, активни 113
    Ресен 981, активни 156
    Радовиш 878, активни 112
    Дебар 846, активни 51
    Делчево 835, активни 99
    Берово 812, активни 114
    Пробиштип 672, активни 91
    Виница 592, активни 59
    Валандово 494, активни 77
    Крушево 430, активни 138
    Богданци 399, активни 81
    Демир Капија 349, активни 82
    Кратово 326, активни 31
    Демир Хисар 322, активни 48
    Македонски Брод 292, активни 37
    Пехчево 224, активни 28
    Македонска Каменица 201, активни 8
    Дојран 110, активни 11

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира