УШТЕ 4 ПОЧИНАТИ, 126 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 1.140 ТЕСТОВИ ЗА 24 ЧАСА

    УШТЕ 4 ПОЧИНАТИ, 126 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 1.140 ТЕСТОВИ ЗА 24 ЧАСАВо „8 Септември“ во изминатите 24 часа примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Четири лица од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар починаа по компликации од ковид-19, а регистрирани се 126 нови случаи за 24 часа од 1.140 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово на 56-годишна возраст. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ почината е 56-годишна пациентка од Скопје. Во болницата во Гостивар почината е пациентка на 71 година и во Прилеп пациент на 83 години.

    Новите случаи на ковид-19 се од Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

    Во „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата има 6.334, оздравени се 2.475, починати се 302, а има 3.557 активни случаи.

    Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3.071, активни 2.007
    • Куманово 756, активни 299
    • Дебар 92, активни 40
    • Штип 345, активни 160
    • Прилеп 261, активни 36
    • Тетово 700, активни 384
    • Струга 220, активни 135
    • Велес 185, активни 40
    • Битола 51, активни 17
    • Охрид 167, активни 143
    • Кавадарци 19, активни 13
    • Гостивар 119, активни 63
    • Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ
    Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 15, активни 10
    • Крива Паланка 15, активни 9
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 6, активни 3
    • Кочани 69, активни 22
    • Пробиштип 19, активни 11
    • Демир Хисар 2, активни 1
    • Македонски Брод 4, активни 2
    • Пехчево 6, активни 3
    • Берово 2, активни 0
    • Валандово 6, активни 2
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 1
    • Свети Николе 28, активни 24
    • Кичево 30, активни 25
    • Ресен 103, активни 94
    • Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.140 теста се преку: ИЈЗ –489, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -180, Судска медицина-0, Систина со ПЦР метода -120, ЦЈЗ Битола-20, лабораторија Лаор- 0.

    Досега во земјава се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира