Земјотрес со јачина од 2,3 степени беше регистриран денеска во Скопје во 11.50 часот со епицентар на шест километри источно од центарот на градот на длабочина од еден километар.
Вчера имаше шест помали потреси со интензитет од 2-3 степени по силниот земјотрес од 5,2 степени во 15.10 часот. Претходно, пред најсилниот земјотрес во 15.10, утринава имаше два земјотреси, од кои посилниот беше во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени.