Скопје ноќеска во 1.32 часот го погоди уште еден земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 6 километри североисточно од центарот на градот на длабочина од 5 километри.
Ова беше прв потрес по оној завчерашниот од 19.53 часот со јачина од 4 степени. Претходно имаше повеќе од десет афтершокови по силниот земјотрес од 5,2 степени што се случи во неделата во 15.10 часот.