УШТЕ ТРИ ПОЖАРИ СЕ ВОДАТ КАКО АКТИВНИ, ПОЖАРОТ ВО САРАЈ ГО ЗАГРОЗУВА ЛОВИШТЕТО ЈАСЕН

    УШТЕ ТРИ ПОЖАРИ СЕ ВОДАТ КАКО АКТИВНИ, ПОЖАРОТ ВО САРАЈ ГО ЗАГРОЗУВА ЛОВИШТЕТО ЈАСЕНСтотици луѓе се бореа со пожарот кај село Будинарци, кој вчера конечно беше изгаснат (Фото: К. Попов)

    Пожарот во реонот на Пехчево, Делчево и Берово, со кој стотици луѓе се бореа повеќе од една недела, конечно е локализиран, додека низ земјата утрово имаше три активни пожари. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарникарите, вклучувајќи ги и странските, остануваат на терен со цел да не дојде до повторно разгорување на огнот.

    Од активните пожари, оној во Општина Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ, прави проблеми веќе неколку дена поради непристапниот терен и последните информации кажуваат дека се префрлил на ловиштето Јасен.

    „Пожарот се држи под контрола. На тој терен дејствуваше и хеликоптер на АРМ“, кажа Марија Милкова од ЦУК.

    Пожарот во Општина Петровец кај село Дивје е со намален интензитет и се држи под контрола, исто како и оној кај прилепското село Топлица.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира