УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ДЕМОНСТРАНТ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ДЕМОНСТРАНТ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци затвор доколку во рок од една година не стори друго кривично дело.

    Пресудата е донесена откако Ефтимов ја признал вината за кривичното дело учество во толпа што ќе стори кривично дело.

    Покрај пресудата, Кривичниот суд донел одлука да му го прекине куќниот притвор на студентот.

    Ова е прва пресуда за демонстрант од протестите што траат повеќе од еден месец, а започнаа по одлуката на претседателот Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници.

    Утре продолжува судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, а во петок е закажано судењето на Филип Наковски и Никола Аризанов. Сите четворица сè уште се наоѓаат во куќен притвор.

    Тие се товарат дека со демолирањето на народната канцеларија на претседателот предизвикале вкупна материјална штета од 522.000 денари или 8.500 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари