УСТАВЕН СУД ЌЕ ЈА ОЦЕНУВА АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ, СЈО УШТЕ НЕ Е НА ДНЕВЕН РЕД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВЕН СУД ЌЕ ЈА ОЦЕНУВА АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ, СЈО УШТЕ НЕ Е НА ДНЕВЕН РЕД

    На дневен ред на седницата на Уставен суд, закажана за в среда, се најде иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на помилувањата на претседателот Ѓорге Иванов од 12 април, кои самиот тој ги поништи првин делумно на 27 мај, а потоа и целосно на 6 јуни. Уставниот суд задутре ќе расправа и за уште осум други иницијативи и барања, но не е и за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

    Со договорот од 20 јули, на кој беа договорени избори на 11 декември, беше предвидено „во случај Уставниот суд да донесе одлука дека СЈО или негов дел е неуставен, четирите партии ќе се заложат да ја усогласат легислативата со одлуката на судот и повторно, во рок од пет дена, да го воспостават обвинителството“. Истовремено, четирите партии тогаш го повикаа Уставниот суд што побрзо да заседава за Законот за СЈО.

    Ова е последна седница на Уставниот суд пред распуштањето на Собранието, кое треба да се случи на 12 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира