УСТАВНИОТ СУД И ФОРМАЛНО ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД И ФОРМАЛНО ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

    Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да се поништи одлуката со која беше распуштено Собранието на 7 април. При гласањето, сите девет уставни судии го прифатиле предлогот на пратеникот на ДУИ Талат Џафери, подносителот на иницијативата до Уставниот суд.

    Минатата среда уставните судии едногласно донесоа одлука да биде поведена постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Македонија од 18 јануари 2016 година и на Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Покрај тоа, Судот изрече привремена мерка, односно донесе Решение за запирање од извршување на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Одлуката за распуштање на Собранието.

    По ова ДИК веднаш ги прекина активностите околу изборните подготовки, а Собранието попладнето веднаш се состана и направи серија измени и дополнувања на закони. Го измени Изборниот законик и ги врати владините и политичките реклами кои без забранети да се објавуваат во медиумите надвор од предизборна кампања.

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски тој ден ги констатираше оставките на министрите од СДСМ во техничката Влада Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои беа условени и важеа само ако Собранието е распуштено.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари