УСТАВНИОТ СУД ИТНО ЌЕ РАСПРАВА ЗА ИЗБОРИТЕ И ЗА СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД ИТНО ЌЕ РАСПРАВА ЗА ИЗБОРИТЕ И ЗА СОБРАНИЕТО

    Уставниот суд штотуку направи измена на дневниот ред, ги тргна сите претходно закажани точки за утрешната седница и ја стави како единствена точка иницијативата на ДУИ за оцена на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието, која ја поднесе минатата недела.

    Уставните судии на утрешната седница ќе расправаат, всушност, за двете одлуки на спикерот Трајко Вељаноски, едната со одложено дејство, за изборите кои требаше да се одржат на 24 април, и другата за одлуката за распуштање, по која Вељаноски закажа избори на петти јуни.

    Со оглед на итноста на прашањето и бидејќи оваа иницијатива не може да чека, ставена е веднаш на дневен ред, велат од највисокиот суд.

    Судбината на оваа иницијатива со која се оспоруваат одлуките на Вељаноски, не е познатa. Утре најверојатно ќе се оди веднаш на расправа што значи нема да се губи време да се собираат мислења од Собранието и од Владата, што е вообичаена пракса за прифатените иницијативи до Уставниот суд. Освен, тоа, велат од Судот, веќе се прибавени мислења од овие две институции, кога Уставниот суд расправаше и ги одби иницијативите на Павле Трајанов и на Тодор Петров.

    Тогаш судот образложи дека Одлуката на Собранието не претставува пропис, односно акт подобен за уставносудска оценка.

    Тројца од четирите судии кои гласале против, доставиле две издвоени мислења. Едното издвоено мислење е на судијата Исмаил Дарлишта, а второто на судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска и Сали Мурати.

    „Спротивно на искажаниот став на мнозинството, сметаме дека оспорената Одлука може да биде предмет на уставносудска оценка и тоа по повеќе основи, повикувајќи се на членовите во Уставот на Република Македонија наведени во иницијативите: член 8 став 1 алинеја 1 и 3, член 63 ставовите 3 и 6 и член 51“, пишува во издвоеното мислење на Габер и Мурати. Двајцата посочиле дека Уставниот суд при донесување на одлуката, требало да одговори на прашањето дали постои уставна можност Одлуката за распуштање на Собранието да има одложено дејство? Тие потенцираат дека во Уставот не е уредено прашањето за одложено важење на Одлуката за распуштање на Собранието. Со оглед на непокриеноста на прашањето со конкретна регулатива, не може да се толкува дека таквото решение е дозволено, а какво било одлагање на распуштањето на Собранието, а со тоа и одложено губење на мандатот на пратениците, го оцениле како неспорен преседан.

    Габер и Мурати сметаат дека Уставниот суд мериторно треба да одлучува за оспорениот акт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари