УСТАВНИТЕ СУДИИ В СРЕДА ЌЕ РАСПРАВААТ ЗА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ВЕЧНО ВЛАДЕЕЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ

    УСТАВНИТЕ СУДИИ В СРЕДА ЌЕ РАСПРАВААТ ЗА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ВЕЧНО ВЛАДЕЕЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕАкадемик Владо Камбовски ги предупреди уставните судии дека ќе одат в затвор, ако го продолжат мандатот на градоначалниците. - Уставен суд (архивска фотографија)

    Уставниот суд ги стави на дневен ред на седницата на 10 мај двете иницијативи за укинување членови од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците неограничено да останат на своите функции. Поднесители на иницијативите се Министерството правда и Светскиот македонски конгрес и со нив се бара бришење на членовите од Законот за локална самоуправа кои го ограничуваат мандатот на четири години.

    Академик Владо Камбовски пред две недели ги предупреди уставните судии дека Уставниот суд нема надлежност и не смее да одлучува за продолжување на мандатот на градоначалниците, туку тоа може да го направи само Собранието.

    АКО ГО ПРОДОЛЖАТ МАНДАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, УСТАВНИТЕ СУДИИ ЌЕ ОДАТ В ЗАТВОР, ВЕЛИ АКАДЕМИК КАМБОВСКИ

    „Оние уставни судии кои ќе гласаат за укинување на двата члена од Законот за локална самоуправа кои пропишуваат дека мандатот на градоначалниците трае четири години, прават кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Во Кривичниот законик на РМ за ова дело е предвидена казна затвор“, предупреди Камбовски.

    По овие два поднесока до Уставниот суд реагираше и професорот по управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Борче Давитковски.

    ТОДОР ПЕТРОВ И ДУИ СО ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА ВЕЧНО ВЛАДЕЕЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ

    „Иницијативите до Уставниот суд за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа со кои се ограничува траењето на мандатот на градоначалниците на 4 години е скандалозна и невидена во демократијата. Нонсенс е Уставниот суд да одлучува за продолжување на мандатот на локалната самоуправа, а не Собранието. Уставниот суд цени дали некој закон е усогласен со Уставот или не“, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира