УСВОЕН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, ПОПЛАВЕНИТЕ НЕМА ДА БИДАТ ПОМОГНАТИ ОД ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСВОЕН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ, ПОПЛАВЕНИТЕ НЕМА ДА БИДАТ ПОМОГНАТИ ОД ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО

    Попладнево пратениците го изгласаа ребалансот на Буџетот за 2016 година, каде суштинска ставка во расходите е обештетувањето на жителите од поплавените села во Стајковци, Смилковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево и останатите настрадани села под Скопска Црна Гора.

    Приходите во Буџетот со ребалансот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти. Дефицитот ќе изнесува 23.119 милион денари, место 21.181 милион денари.

    Не успеа обидот на пратениците од опозицијата да го премислат владејачкото мнозинство и да ја натераат заедно Владата да се откаже од изградбата на некапитални проекти кои вредат десетици милиони евра, како што е Панорамското тркало во Скопје. Поплавените ќе се обештетуваат од земениот кредит со еврообврзницата. Марјанчо Николов од СДСМ, побара барем од утре да почне исплатата на оштетените од поплавите во Скопје и Тетово.

    “Се надевам дека Министерството за финасии е подготвено и оти од утре ќе почне исплатата на финасиски средства за граѓаните погодени од поплавите. Голем дел од нив немаат никакви средства и елементарни услови за живот и се надевам дека во наредните 10 дена ќе бидат обесштетени. Временските услови не се наклонети поради што не треба да се одолговлекува со исплаќањето на паричните средств“, рече тој и побара на неделна основа да се објавуваат списоците со исплатените граѓани.

    И покрај разочарувањето што власта не се откажа од пренамена на средствата за непродуктивнит проекти, СДСМ и опозицијата гласаа за ребалансот, за да им се помогне што побрзо на настраданите.

    Претходно Ернат Фејзула од ДПА рече дека немало да дојде до поплавите ако биле прифатени нивните 300 амандамани во претходниот ребаланс на Буџетот за 2016 за регулирање на реките и изградба на заштитни канали за одводнување во Тетовско, Синѓелиќ и Арачиново. Крсто Мукоски од ВМРО – ДПМНЕ се заблагодари на консензуалноста во Парламентот и објасни дека 35 милиони евра се повлекуваат од еврообврзницата, а 5 милиони од другите буџетски корисници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира