УТРЕ НАПЛАДНЕ ПРЕСУДА ЗА ЗОРАН МИЛЕВСКИ-КИЧЕЕЦ, КОЈ ПРИЗНА ВИНА ВО „РЕКЕТ“

    УТРЕ НАПЛАДНЕ ПРЕСУДА ЗА ЗОРАН МИЛЕВСКИ-КИЧЕЕЦ, КОЈ ПРИЗНА ВИНА ВО „РЕКЕТ“Адвокатот адвокат Александар Новаковски кажа дека судот при изрекување на пресудата мора да има предвид дека не се работи за јавна личност. - Зоран Милевски-Кичеец на денешното судење (Фото: К. Попов)

    Пресудата за третообвинетиот во „Рекет“ Зоран Милевски-Кичеец ќе биде објавена утре напладне. Тој призна вина денеска, на почетокот на судењето, во кое се обвинети и Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. Милевски е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконско влијание“ за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

    „Целосно се докажа дека го сторил делото за кое беше обвинет. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности“, рече обвинителката Вилма Русковска.

    Неговиот адвокат Александар Новаковски кажа дека судот мора да има предвид дека не се работи за јавна личност.

    „Тој е бизнисмен, вработен во компанијата на човекот кој го пријавил ова кривично дело“, кажа адвокатот.

    Адвокатот рече и дека Милевски е татко на пет малолетни деца за кои треба да се грижи, има болен татко и претходно не е осудуван и побара условна осуда, а имал и здравствени проблеми.

    Според обвинението, преку третообвинетиот Милевски кој ги договарал средбите на Боки 13 и Орце Камчев во неговиот дом, Боки 13 го уверил сведокот Камчев дека Јанева ќе ги исполни, односно ги исполнила сите негови барања. Таа незнаејќи дека сведокот Камчев ги снима што зборуваат, како рекетираат и како Јовановски зема торба со пари од него, по телефон го уверува: „Се ќе биде океј!“

    За посредувањето Јовановски и Кичеец примиле награда во вкупен износ од 1.500.000 (500.000 евра од Ана Камчева, сопруга на Орце, сведок во постапката и милион евра од него). Јанева за куќниот притвор и пасошот за себе прибавила значителна имотна корист и тоа предмети-мебел во износ од 296.040,00 денари кој за неа го набавил обвинетиот Боки 13 од фирмата „Зона мебел“ Скопје и пари во износ од 50.000 евра.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари