УТРЕ ОСТАВКИ ЌЕ ПОДНЕСАТ КОВАЧЕВСКИ И ЏАФЕРИ, В ПЕТОК ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, А В НЕДЕЛА ТЕХНИЧКА ВЛАДА

    УТРЕ ОСТАВКИ ЌЕ ПОДНЕСАТ КОВАЧЕВСКИ И ЏАФЕРИ, В ПЕТОК ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, А В НЕДЕЛА ТЕХНИЧКА ВЛАДАТехничката влада се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај. - Димитар Ковачевски; Талат Џафери (Фото: К. Попов)

    Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е мандатар на техничката влада, ќе поднесат оставки утре, со што почнуваат и крајните рокови за составување на техничката влада, која се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.

    Потоа, на 26 јануари на седница на Собранието ќе бидат констатирани оставките на премиерот и собранискиот спикер и на истата седница треба да се избере нов претседател на Собранието, за што кандидат е Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ. Истиот ден, претседателот Стево Пендаровски треба да му го довери мандатот за премиер на техничката влада на Џафери.

    На 27 јануари, Џафери до Собранието треба да достави програма и состав на Владата.

    На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник, кој ќе го земе местото на Џафери.

    Во техничката влада, опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да ги добие министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира