УТРЕ ПОЧНУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, ЦЕНАТА ЗА ПАРНО ОСТАНУВА ИСТА, ВЕЛИ БИСЛИМОСКИ

    УТРЕ ПОЧНУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, ЦЕНАТА ЗА ПАРНО ОСТАНУВА ИСТА, ВЕЛИ БИСЛИМОСКИСнабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени целзиусови. (Фото: К. Попов)

    Утре (15 октомври) почнува грејната сезона во Македонија, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), додавајќи дека цената останува иста.

    „Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од Хидорометеролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови“, изјави директорот Марко Бислимоски.

    Нова одлука ќе биде донесена откако ќе биде поставен цевководот на мостот „Беласица“, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, рече тој. Долниот дел на мостот беше оштетен во пожарот на 12 мај.

    Спред Управата за хидрометереолошки работи (УХМР), викендов ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата (за 6 до 8 степени), особено во северните делови од земјата. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. В понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

    Грејната сезона завршува на 15 април 2024 , со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури.

    РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар, институциите и домаќинствата, да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира