Новинарите на „Утрински весник„ се заканија со штрајк откако вчера од раководството на издавачот МПМ на главната уредничка и бил даден ултиматум или да избрка 10 новинари или весникот ќе се затвори. Тие денеска во Здружението на новинарите ќе одржат прес конференција на која ќе ги најават следните активности.
Во исто време десетина новинари на Вест кои беа избркани летово, утринава ја окупираа канцеларијата на еден од сопствениците на весникот Срѓан Керим барајќи си ги отпремнините што компанијата се обврза дека ќе им ги исплати кога ги избрка од работа поради технолошки вишок.
Тие се сомневаат дека газдите ќе ги изиграат откако вчера на состанок на Синдикатот со менаџментот им било речено дека сите новинари од МПМ ќе се префрлат на платен список на „Телеграф“ кој е со нејасна сопственичка структура.
Од сопственичката структура на МПМ траспарентни се само фирмите Мирекс на Срѓан Керим, угледен дипломат и Орка холдинг на Јордан Камчев. кого Форбс пред неколку месеци го прогласи за најбогат бизнисмен во Македонија.
Компанијата подолго време се соочува со политички притисоци.