ВАКСАЈНС.МК ЗАВРШИ ВО ПОЛИЦИЈА

    ВАКСАЈНС.МК ЗАВРШИ ВО ПОЛИЦИЈАЗаев, зборувајќи на лош англиски, неколку пати изговори „ваксајнс“, место „вексинс“. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Креаторот на веб сајтот ваксајнс.мк Адил Бакиу бил повикан во полиција на информативен разговор во полициската станица во Карпош, соопшти самиот тој на Фејсбук.

    Адресата ваксајнс.мк директно води кон официјалниот веб сајт на Министерството за здравство вакцинација.мк, каде што граѓаните се регистрираат за вакцина против ковид-19 и Бакиу вели дека го направил ваксајнс.мк „за да не чекаат луѓето ред на погрешен сајт после изјавата на Заев“.

    Ваксајнс.мк не е лажен сајт, каде што би можеле да бидат злоупотребени податоци на граѓаните, бидејќи не води никаде освен на официјалниот сајт за пријавување интерес за вакцинирање. 

    „Во полициската станица  само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни“, напиша Бакиу пред малку на Фејсбук. 

    Заев, зборувајќи на лош англиски, неколку пати изговори „ваксајнс“, место „вексинс“, на панел на Атлантскиот совет во вторникот.

    Полицијата го повикала Бакиу на разговор по пријава на Министерството за здравство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира