ВАКЦИНИ ЗА ГРИП ПО 650 ДЕНАРИ ИМА САМО ВО СКОПЈЕ, ВАКЦИНАЦИЈАТА СО НОВИ ПРОДОЛЖУВА ОД ПОНЕДЕЛНИК ВО СИТЕ ЦЕНТРИ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ВАКЦИНИ ЗА ГРИП ПО 650 ДЕНАРИ ИМА САМО ВО СКОПЈЕ, ВАКЦИНАЦИЈАТА СО НОВИ ПРОДОЛЖУВА ОД ПОНЕДЕЛНИК ВО СИТЕ ЦЕНТРИ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕВо Центарот за јавно здравје во Велес вакцините што се наплатуваат беа потрошени вториот ден од стартот на вакцинацијата (Фото: СДК.МК)

    Комерцијални вакцини за заштита од сезонски грип кои чинат 650 денари има само уште во Центарот за јавно здравје Скопје. Останатите центри за јавно здравје за пет дена ги потрошија предвидените количини. И во скопскиот Центар за јавно здравје вакцините што се наплаќаат се при крај, односно има само за уште еден ден. Граѓаните реагираат дека и да сакаат да се вакцинираат не можат, оти вакцини нема.

    Центрите за јавно здравје набавија вкупно 13.100 дози од четиривалентните вакцини, кои годинава се наплатуваат по 650 денари. Од Министерството за здравство велат дека Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип, и дека вакцинацијата таму ќе продолжи од понеделник.

    Годинава, Министерството за здравство набави 28.000 дози нови четириваленти вакцини за грип, кои се бесплатни за лицата над 65 години што имаат просечна, потпросечна или немаат пензија. Овие вакцини не се потрошени.

    „Центарот за јавно здравје Скопје ќе вакцинира и утре. Напоменуваме дека секој Центар за јавно здравје самостојно врши проценка за обезбедување на потребните количини вакцини за подрачјето кое го покрива. Вакцината против грип е незадолжителна, но препорачана за хронично болни и возрасни пациент“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството велат дека годинава за прв пат набавиле бесплатни 28.000 вакцини за лицата над 65 годни со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Вакцините се произведени од француската компанија „Санофи Пастер“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира