ВАСКО КОВАЧЕВСКИ НЕ Е ВО ДРЖАВАТА ПОДОЛГО ВРЕМЕ, НО ОЧЕКУВАМ ДА БИДЕ ОБЕЗБЕДЕН ДЕНЕСКА, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ЗА ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА ВО ЕСМ

    ВАСКО КОВАЧЕВСКИ НЕ Е ВО ДРЖАВАТА ПОДОЛГО ВРЕМЕ, НО ОЧЕКУВАМ ДА БИДЕ ОБЕЗБЕДЕН ДЕНЕСКА, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ЗА ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА ВО ЕСМЗа 24 лица постои сомневање дека направиле криминал од 6,5 милиони евра, рече Мицкоски. (Фото: К. Попов)

    Васко Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезебдиме и да го вратиме во државата, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање околу големата полициска акција во која се уапсени поранешни раководни лица во Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), РЕК „Битола“ и други подружници, осомничени за злоупотреби на јавни набавки.

    Ковачевски е поранешен директор на ЕСМ и РЕК „Битола“.

    „23-ца се обезбедени, минус еден кој очекувам брзо денес да биде обезбеден пред правдата.  И сите тие да дадат одговор за основаните сомневања. Од информациите што ги имам од МВР, се работи за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управувале други правни субјекти, кои се здружиле и за кои постои сомневање дека направиле криминал од 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставиме на обвинителството и судовите, мора да веруваме на пресумпцијата на невиност, но тоа што е најдено е навистина загрижувачки. Нема од ова да правиме циркус и естрада“, рече Мицкоски по потишувањето на договорот за инвестиција со швајцарската ДМ Бау Интернационал.

    Од МВР соопштија дека во тек е е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и дека ќе следат детали по завршувањето на акцијата. Од Обвинителството потврдија дека акцијата се спроведува под координација на двајца обвинители на ОЈО ГОКК.

    Акцијата се спроведува во Скопје, Битола, Велес и Кичево, се однесува на злоупотреби во РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“, а осомничени се лица од претходните раковоства во ЕСМ и подружниците.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира