ВЕЧЕРВА ПАК ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА СЈО И ЗА СПАС НА ГТЦ ОД БАРОК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЕЧЕРВА ПАК ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА СЈО И ЗА СПАС НА ГТЦ ОД БАРОК

    Шарената револуција најавува нов антивладин протест за денеска вечер во 19 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во повикот објавен на официјалната фејсбук страница се  бара од Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. Според граѓанската инцијатива „на тој начин ќе се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија“.

    И граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“ најави дека ќе се придружи на шарените револуционеро. Двете граѓански движења повикуваат на заеднички протест за спас на ГТЦ, на МОБ и на НУБ “Св. Климент Охридски“  од барок. Борбата се окрупнува, порача „Шарена револуција“, а „Го сакам ГТЦ“ повика на борба од улица.

    Оттаму велат дека повикот за борба на улица дошол откако многумина од нив побарале реакција за новата најава за барокизирање на ГТЦ.

    За барок на МОБ и на Универзитетска библиотека се уште нема проекти, но и за нив Владата донесе одлука да се прогласат за објекти од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документција, терминологија зад која, според архитектите, се крие најавата за преслекување во барок.

    Синоќа доцна попладнето со соопштение се огласи Министерството за култура во кое се тврди дека нема да има никаква промена на фасадите на МОБ и на НУБ. Но, во истото соопштение не е спомната одлуката за преслекување во барок на Градскиот трговски центар.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари