ВЕДНАШ ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ НА ЕУ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА, ВЕЛИ ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ДЕНДИЈАС

    ВЕДНАШ ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ НА ЕУ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА, ВЕЛИ ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ДЕНДИЈАСДендијас вели дека единствениот пат за да се постигне мир, безбедност и стабилност на регионот е со јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. (Фото: МИА/принтскрин)

    Грчкиот министер за надворешни работи Нико Дендијас кажа дека пристапните преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија треба да почнат веднаш, на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи денеска во Скопје. Дендијас вели дека единствениот пат за да се постигне мир, безбедност и стабилност на регионот е со јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан.

    „Сметаме дека сме ваш близок сојузник, ќе дадеме соодветни напори да се унапредат односите меѓу нашите земји на билатерално ниво и тоа се поддржува и од Акцискиот план кој е усвоен на првиот највисок Совет за соработка“, рече Дендијас, кој најави дека има голем интерес од грчка компанија да инвестира во Северна Македонија во станица за производство на електрична енергија вредна 200 милиони евра.

    Османи кажа дека економската соработка меѓу двете земји меѓу двете земји минатата година надмина 934 милиони евра, а оваа година треба да очекуваме меѓусебната размена да надмине една милијарда евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира