Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во договор со координаторите на пратеничките групи, одлучи за 14 август да закаже посебна седница посветена на состојбата во поплавените подрачја, соопшти денеска неговиот кабинет, 6 дена по поплавата во која загинаа 22 луѓе.
„До 14 август, се очекува Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за превземените мерки во насока на санирање на последиците“, се вели во соопштението.
Седницата е закажана откако академик Владо Камбовски во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вчера го повика Вељаноски да го стори тоа и да се донесе закон за забрана на сите нестопански инвестиции, освен оние кои се од важност за безбедноста на државата и нивно пренасочување за потребите на илјадниците граѓани кои претрпеа стравотна материјална штета, изгубија најблиски, ги изгубија домовите.
Денеска и пратеничката група на СДСМ побара свикување на итна седница.
ВЕЉАНОСКИ ЗАКАЖА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ ЗА 14 АВГУСТ
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)