ВЕЖБАЊЕТО НА АРМИЈАТА НА САД НА КРИВОЛАК Е ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА ШТО ДА МУ ПОНУДИ НА НАТО, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА

    ВЕЖБАЊЕТО НА АРМИЈАТА НА САД НА КРИВОЛАК Е ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА ШТО ДА МУ ПОНУДИ НА НАТО, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКАЗасиленото присуство на војници на Алијансата придонесуваат и за локалната економија поради зголемената побарувачка, а членство во НАТО ќе донесе стабилност и сигурност за подобра економија во целата држава. - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на армискиот полигон „Криволак“ (Фото:Ѓ. Личовски)

    Македонија има што да му понуди на НАТО, а присуството на војниците на Алијансата на армискиот полигон „Криволак“ придонесуваат за зголемување на локалната побарувачка, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    „Македонија не само што ги користи ресурсите на НАТО, туку има и што да понуди кон Алијансата, а обуката на воените сили на САД во Криволак е доказ за тоа. Засиленото присуство на војници на Алијансата придонесуваат и за локалната економија поради зголемената побарувачка, а членство во НАТО ќе донесе стабилност и сигурност за подобра економија во целата држава. Ние сме убедени дека граѓаните ќе го поддржат членството во НАТО“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која заедно со заменик амбасадорката на САД во Македонија, Микаела Швајцер Блум присуствуваа на тренингот на војниците од Армијата на САД, на полигонот „Криволак“.

    Заменик амбасадорката на САД Микаела Швајцер Блум рече дека се надева дека граѓаните ќе го поддржат референдумот за влез во НАТО.

    „Благодарни сме што имаме прилика да вежбаме овде, САД секогаш бил поддржувач на Македонија и на регионот. Навистина Македонија има што да понуди. Членството во НАТО на Македонија, за кое се надеваме дека граѓаните ќе го поддржат, ќе придонесе за просперитет и стабилност“, рече Блум.

    На армискиот полигон „Криволак“ од први август вежбаат 200 војници од Армијата на САД во Косово.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира