ВИДИ ЗА ТАТО, ЛИЛЕ НЕ ДАВА СОГЛАСНОСТ, МУ ПИШАЛ ДЕЈАН ПАНДЕЛЕСКИ НА БОКИ ЗА „ИМПЕРИЈА“

    ВИДИ ЗА ТАТО, ЛИЛЕ НЕ ДАВА СОГЛАСНОСТ, МУ ПИШАЛ ДЕЈАН ПАНДЕЛЕСКИ НА БОКИ ЗА „ИМПЕРИЈА“Осомничениот Цветан Панделески доаѓа на распит во Кривичниот суд за „Империја“ на 9 ноември 2018. (Фото: СДК.МК)

    По презентацијата на пораки меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и пријавителот Орце Камчев, на денешното судење за „Рекет“ обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева се пренасочија на ватсап комуникација на Боки и Дејан Панделески, син на Цветан Панделески, газдата на „Пелистерка“, кој исто така е осомничен и со мерки на претпазливост во истрагата „Империја“.

    На 8 јануари 2019, Дејан му праќа на Боки слика од покана за во СЈО и му пишува: „Види за тато“.

    Боки му враќа: „Чекам инфо, ќе те барам“.

    Па Дејан му пишува за 10 минути: „Тутунска“.

    Боки му вика: „Ајде‘.

    На 15 јануари 2019, Боки му пишува: „Сега ќе ги викнат адвокатите“, а Дејан му одговара: „Не дава согласност Лиле“.

    Потоа на 4.3.2019, Дејан го известува Боки дека стигнало решението, потоа му пишува „Денес 500, ме блокира царина, не можам повеќе“.

    По четири дена го информира: „Стигнати се“.

    Боки му вели: „Ок“.

    На 17.3.2019 исто така си препраќаат со Боки слики од судско решение.

    На 2.4.2019, Боки му препраќа на Дејан документ за Цветан Панделески, а на 8.5.2019 Дејан му пишува Боки: „Ќе имаш од мене 5 м., тоа е максимум“.

    За време на сведочењето на „Рекет“ на обвинителката Лиле Стефанова, која ја води „Империја“, таа во однос на нејзината тогашна шефица Катица Јанева кажа дека Јанева многу повеќе се обидувала да влијае за Цветан Панделески отколку за Орце Камчев.

    Следуваат ватсап пораки меѓу Боки и пратеничката на СДСМ Фросина Ременски. Овие пораки се од вештачењето во МВР на мобилниот на обвинетиот Бојан Јовановски.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира