ВИКНАТ ВО ПОЛИЦИЈА ВОЗАЧОТ КОЈ ЗА КОЛА ВРЗА КОЊ И ГО ВЛЕЧЕШЕ НИЗ СКОПЈЕ

    ВИКНАТ ВО ПОЛИЦИЈА ВОЗАЧОТ КОЈ ЗА КОЛА ВРЗА КОЊ И ГО ВЛЕЧЕШЕ НИЗ СКОПЈЕЛицето ќе се гони за стореното кривично дело мачење на животни (Фото: принтскрин од видео)

    Идентификуван е возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ низ улиците во Скопје. Со него е извршен службен разговор во полиција и за настанот е изваестен јавен обвинител за натамошно постапување. Лицето ќе се гони за стореното кривично дело мачење на животни.

    „Во врска со видеото кое вчера (17.04.2025) беше споделено на дел од социјалните медиуми, на кое се гледа како лице кое управува патничко возило ‘голф‘ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривичното дело мачење на животни предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира