ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВСКА МЕСТО МАРИЈА ХАЏИЛЕГА НА ГИНЕКОЛОГИЈА, НОВИ ДИРЕКТОРИ НА 44 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

    ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВСКА МЕСТО МАРИЈА ХАЏИЛЕГА НА ГИНЕКОЛОГИЈА, НОВИ ДИРЕКТОРИ НА 44 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИМинистерот за здравство Арбен Таравари и ексдиректорката на Гинекологија Марија Хаџилега на промоцијата на проектот „Добредојде бебе“ на 21 јули.

    Нови директори денес добија 44 здравствени установи, меѓу кои и 12 клиники. Министерствoтото за здравство информираa дека нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство е Викторија Јовановска, а разрешена е досегашната директорка Марија Хаџилега, во чиј мандат клиниката ја тресеа скандали поради голем број умрени новороденчиња. Иван Барбов ќе го замени досегашниот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, а Милена Стефановиќ е новата директорка на Инфективната клиника, каде досега директор беше Звонко Миленковиќ.

    Денес е разрешена и директорката на Клиниката за радиологија Надица Митревска, а на нејзино место е поставена Елизабета Стојовска. Со Клиниката за урологија ќе раководи Сашо Дохчев, кој го води и Центарот за трансплантација на оваа клиника. На Клиниката за хематологија место Лидија Чевреска, од денес директор е Ирина Пановска. Сменет е и директорот на градската општа болница „8 септември” Сашо Стојчев. Со оваа болница отсега ќе раководи Кристијан Костов.

    Претседателката на Лекарската комора на Македонија Калина Гривчева Старделова е новата директорка на Клиниката за гастроентерохепатологија. Реџеп Селмани е разрешен од директорската функција на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Со оваа клиника отсега ќе раководи Илир Хасани, кој досега беше раководител на Ургентниот центар на скопските клиники. Нов директор ма Клиниката за ендокринологија е Саша Јовановска Мисевска, а со Клиничка биохемија ќе раководи Сефедин Билали. Директор на Клиниката за дерматовенерологија отсега е Нина Цаца Билјановска.

    Нови директори се именувами и во 6 центри за јавно здравје и во 11 здравствени домови. Со здравствен дом Скопје отсега ќе раководи Злате Мехмедовиќ, кој доаѓа на местото на досегашната директорка Татјана Баевска Вучковиќ. Нови директори се именувани и во костозглобната болница во Охрид „Св. Еразмо” каде за директор е поставен Ацо Велески, а Татјана Лозановска е нова директорка на психијатриската болница Демир Хисар. За директор на психијатриската болница Бардовци е поставен Виктор Исијановски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира