ПО ДВА МЕСЕЦА НЕДОАЃАЊЕ НА РАБОТА, ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ АРБЕН ФЕТАИ НА ФЕЈСБУК КАЖА ДЕКА ПОДНЕЛ ОСТАВКА ДО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ

    ПО ДВА МЕСЕЦА НЕДОАЃАЊЕ НА РАБОТА, ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ АРБЕН ФЕТАИ НА ФЕЈСБУК КАЖА ДЕКА ПОДНЕЛ ОСТАВКА ДО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИФетаи вели дека е горд на резултатите, горд дека придонел за изработка на национална стратегија за борба против финансиски криминал и конфискација на имот. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој околу два месеца не доаѓаше на работа, денеска со писмо до премиерот Христијан Мицкоски кое го објави и на Фејсбук го извести дека си поднесува оставка од функцијата. Фетаи му пишува на премиерот дека во овој момент не постојат неопходните услови за да ја извршува функцијата вицепремиер во полна ефикасност. Друго како причина не наведува во писмената коресподенција.

    Откако му се заблагодарува на премиерот Мицкоски за укажаната чест да биде на функцијата во, како што вели, многу значаен момент за Македонија, тој дава отчет дека придонел за изработка на национална стратегија за борба против финансиски криминал и конфискација на имот, но особено е горд за изработката на Законот за правична застапеност.

    Од Владата, пак, подолго време одбиваа да кажат што прави тој заменик премиер по светот откај што се слика и се објавува на социјалните мрежи. Сега, од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека неговата оставка ќе се процесира до Собранието, кое што го изгласало Фетаи и кое треба да го разреши.

    Останаа неодговорени прашањата зошто Фетаи не доаѓаше  на работа и објавуваше слики од одмор во странство, дали земаше плата додека беше отсутен, кој му ги плаќаше патувањата, имаше ли и каква полза државата од тоа?

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира