ВКУПНО 14 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ ШЕСТ ИЗМИНАТИОВ МЕСЕЦ, 472 НОВИ БОЛНИ ОД 3.431 ТЕСТ

    ВКУПНО 14 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ ШЕСТ ИЗМИНАТИОВ МЕСЕЦ, 472 НОВИ БОЛНИ ОД 3.431 ТЕСТВо земјава има 6.719 активни случаи на ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Вкупно 14 починати од ковид-19 се регистрирани во денешниот извештај на Министерството за здравство, од кои шест изминативе месец дена. Регистрирани се 472 нови позитивни случаи од 3.431 тестирања.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 5 починати лица од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 починати лица од Кочани (85г и 68г) и едно починато лице од Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18 септември до 12 октомври. Регистрирани се две починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

    Нови позитивни се регистрирани во: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

    Регистрирани се 498 оздравени пациенти од: Скопје – 255,Куманово – 58, Велес – 28, Охрид – 19, Струмица – 18, Прилеп – 17, Битола – 15, Кавадарци и Штип – по 14, Струга – 9, Кичево – 7, Крива Паланка – 5, Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Ресен, Делчево и Пробиштип – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

    Направени се 3.431 тест преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–44, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ „8 Септември“-0, Институт за микробиологија–14, Жан Митрев (Филип Втори)-54,Авицена-164, Биотек-238, Систина-97, лабораторија Лаор-150, Синлаб-19, Ремедика-20, Плодност–44, Генеа-9,Никоб лаб-344, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-42, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.575.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 197.669, оздравени се 183.972, починаа 6.978, а активни случаи се 6.719.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира