ВЛАДАТА АПЕЛИРА ДО ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ СЕ РАДУВА НА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА

    ВЛАДАТА АПЕЛИРА ДО ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ СЕ РАДУВА НА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈАБугарското вето е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи - дипломатското трио Димитров, Заев и Османи (Фото: СДК.МК)

    Владата апелира до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не се радува на ветото што го стави Бугарија на текстот за преговарачката рамка со ЕУ што го одобрија сите други земји-членки на Унијата.

    „Апелираме до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се радуваат на тешките моменти во кои се наоѓа државата и да го препознаат моментот кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на вообичаените партиски пресметки“, велат извори од Владата.

    Од таму велат дека „нема ни трошка вистина во манипулациите кои ги пласираат дел од опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, за наводно распродавање на македонскиот идентитет.

    На владината седница која се одржа вечерва било констатирано дека бугарското вето е „неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи“. Високи владини извори брифираат дека преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија и дека нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнувањето на европските стандарди.

    Од Владата се заблагодарија на сите граѓани од сите етнички заедници во Северна Македонија и на сите политички претставници на различните заедници во земјата, за поддршката која се дава на македонскиот народ во овие моменти, со цел заштита на македонскиот идентитет и за останувањето посветени на европскиот пат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира