ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ КАЗНИ, НАЈВИСОКАТА ЌЕ БИДЕ 250 ЕВРА

    ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ КАЗНИ, НАЈВИСОКАТА ЌЕ БИДЕ 250 ЕВРАНе се намалуваат казните за животозагрозувачки прекршоци, кои остануваат исти.(Фото: Влада)

    Највисоката казна за сообраќаен прекршок ќе биде 250 евра, а најниската 15 евра. Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на казните за сообраќајни прекршоци односно ги усвои предлози и измени на серија закони на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Закон за прекршоци.

    Не се намалуваат казните за животозагрозувачки прекршоци, кои остануваат исти, а се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

    Со измените се продолжува на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години. Се воведува мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари