ВЛАДАТА ГО ОБЈАВИ БРОЈОТ 070/270-370 ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ И СМЕСТУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ КОИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО ПО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

    ВЛАДАТА ГО ОБЈАВИ БРОЈОТ 070/270-370 ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ И СМЕСТУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ КОИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО ПО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИСеемјставата на загинатите и повредените во пожарот денеска протестираа во центарот на Кочани, барајќи одговорност. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата на пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во странските земји, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. Во вчерашниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. Според последните информации од министерот за здравство Арбен Таравари, сите пациенти се префрлени во скопските болници, каде има вкупно 84 пациенти, а до крајот на денот уште 26 треба да се испратат во други држави. До крајот на денот вкупно во земјава ќе останат 58 пациенти.

    „Ги повикуваме семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070270370. Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош. Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси“, соопшти Службата за општи и заеднички работи на Владата.

    Митева додаде и дека е отворена единствена, официјална сметка за донации во соработка со Црвен крст, за да спречат каква било несигурност околу каналите за донации.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира