ВЛАДАТА ГО ОГРАНИЧИ ИЗВОЗОТ НА ПЧЕНИЦА И ПЧЕНКА

    ВЛАДАТА ГО ОГРАНИЧИ ИЗВОЗОТ НА ПЧЕНИЦА И ПЧЕНКАОдлуката е донесена на вчерашната седница како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот.(Фото: Влада)

    Владата го ограничи извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. Како што велат од Владата одлуката е донесена на вчерашната седница како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот.

    „Ограничување на извозот на овие стоки е донесена како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните“, велат од Владата.

    Од Владата напоменуваат дека има доволно количини на пченица и пченка во приватните млинови, кои се различни од стоковите резерви.

    „Тука станува збор за количини за покривање на домашните потреби, односно во млиновите во земјата има преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година“, додаваат од Владата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира