ВЛАДАТА ГО ПОСТАВИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ЗА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ, А СОЛЗА ГРЧЕВА ЗА РЕФОРМИ ВО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

    ВЛАДАТА ГО ПОСТАВИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ЗА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ, А СОЛЗА ГРЧЕВА ЗА РЕФОРМИ ВО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕТрајанов и Грчева се назначени на овие функции на вчерашната владина седница. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов е именуван од Владата за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Партијата на Трајанов лани излезе од коалицијата со СДСМ и на годинашните избори беше партнер на ВМРО-ДПМНЕ во коалицијата „Твоја Македонија“.

    Лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева за Национална координаторка за реформи во високо образование. Наташа Котлар на денашната владина седница пак  е именувана за в.д. директорка на Државен архив. Котлар е од истата партија како Грчева, а на локалните избори 2021 беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Центар.

    Владата постави и заменик на генералниот секретар на Владата, а на таа функција ќе биде Хасим Муртезани. Блерант Рамадани е именуван за Национален координатор за примена на нови технологии.

    Фатон Фазлиу е именуван за в. д. директор на Управата за водење на матични книги, Африм Ќоку е именуван за в.д. директор на Државниот девизен инспекторат, Арсим Идризи за в. д. директор на Инспекторатот за употреба на јазиците, а Бехар Емини за в. д. директор на Фонд за осигурување на депозити.

    За в. д. директор на Државен завод за статистика е назначен Дејан Станков. Афрона Вервизоли е именувана за в.д. главен ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помо. Неџмедин Садики на предлог на Министерот за енергетика, рударство и минерални суровини е именуван за в.д.  директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви.

    Маја Ковачева е именувана за в. д. заменик на директорот на Агенција за лекови и медицински средства. Бејтула Камбери е именуван за в.д директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Кујтим Ибиши е именуван за в. д. директор на Управата за финансиско разузнавање.

    Башким Бакиу е именуван за в.д. директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје. Маре Богева-Мицовска на предлог на министерот за финансии, е именувана за в. д. директор на Биро за јавни набавки.

    Игор Лазаревски е именуван за директор на Управата за хидрометеоролошки работи.

    Наим Љамалари е именуван за в. д. заменик на директорот на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес

    Никола Додов на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е избран за в. д. директор на  Фонд за иновации и технолошки развој.

    Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ за нов в. д. директор да го избере Ангеле Сотировским а негов заменик Мевлан Марина. За директор на ЈП „Стрежево Битола“ ќе биде поставен Сирија Рашиди.

    На Наумче Мојсоски му се утврди престанок на функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт согласно закон, откако беше формирано Министерство за спорт на кое министер е Борко Ристевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира