ВЛАДАТА ГО ПРОШИРУВА КАБИНЕТОТ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ОТИ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА РАШКОВСКИ ЈА ЗЕЛ ГРУБИ

    ВЛАДАТА ГО ПРОШИРУВА КАБИНЕТОТ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ОТИ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА РАШКОВСКИ ЈА ЗЕЛ ГРУБИ„Потребно е проширување на оваа просторија и затоа ќе се изврши зафат за проширување кон ходникот за поголема функционалност“, вели Зекири.(Фото: СДК.МК)

    Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири ќе го проширува и реновира работниот кабинет. Вчера Генералниот секретаријат објави оглас за реновирање на дел од просториите во Владата и набавка на мебел.

    Во тендерската документација стои дека станува збор за оформување на простор на кабинетот на Генералниот секретар на Владата.

    „За оформување на работниот простор на кабинетот во смисла на подобрен простор и функција предложено е решение за припојување на дел од површината на ходникот кон површината на кабинетот. Кабинетот се наоѓа на вториот кат. Предложената реконструкција на просторот на кабинетот не влијае на носечката конструкција на објектот и не го нарушува постоечкиот конструктивен систем на градба“, стои во техничката документација објавена на Бирото за јавни набавки.

    Генералниот секретар Зекири за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека откако тој стапил на оваа функција не му била доделена канцеларијата која ја користел генералниот секретар Драги Рашковски бидејќи таа ја земал вицепремиерот Артан Груби. Него му била доделена друга помала слободна просторија.

    „Потребно е проширување на оваа просторија и затоа ќе се изврши зафат за проширување кон ходникот за поголема функционалност“, вели Зекири.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира