Владата на денешната седница го укина Ден на дрвото поради слаб ефект од досегашното пошумување.
Според првичните анализи, во изминативе години на 13.000 хектари биле засадени 35 милиони садници. Ефектот од нив се движи 0 до само 15 отсто, односно на многу е мал процентот на успешно засадени дрва. Владата го задолжила ЈП „Македонки шуми“ да достави сеопфатна информација за ефектите од оваа акција.
Акцијата Ден на дрво – Засади ја својата иднина, започна во август 2007 година, кога оперскиот пејач Борис Трајанов, поттикна проект за масовно засадување на голините и опустошените планини. Владата го прифати овој предлог на Трајанов и оттогаш секоја година организираше акции за садење дрва, а денот беше неработен.
Г. ТРПЕНОСКИ