ВЛАДАТА ЌЕ ДАВА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ОД ПО 9.000 ДЕНАРИ, КАКО И ВАУЧЕРИ ЗА ДОМАШЕН ТУРИЗАМ НА ОКОЛУ 100 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ СО ПРИХОДИ ПОД 15.000 ДЕНАРИ

    ВЛАДАТА ЌЕ ДАВА ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ОД ПО 9.000 ДЕНАРИ, КАКО И ВАУЧЕРИ ЗА ДОМАШЕН ТУРИЗАМ НА ОКОЛУ 100 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ СО ПРИХОДИ ПОД 15.000 ДЕНАРИПотрошуваќките картички ќе важат само за купување македонски производи и услуги од домашни компании. Во овие сто илјади граѓани кои ќе добијат вакви картички, се избројани невработени лица, односно баратели на работа, приматели на социјална помош, сите лица кои се со примања под 15 илјади денари месечно; - Редици пред продавниците со Сити мол Скопје на рвиод ден од отварањето во коронакризата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Третиот сет мерки на Владата за справување со коронакризата тежи 355 милиони евра, пари кои по различни основи ќе завршат кај 730.000 корисници, соопшти премиерот Оливер Спасовски. Овој трет пакет мерки е за сите, од социјално загрозените граѓани, преку младите, студентите, невработените, жените, земјоделците, до бизнисмените.

    По претходните два пакета помош, кои беа насочена главно за спас на работните места и од катастрофата што се најавуваше поради коронавирусот,  овој се однесува на обновување на економијата и зголемување на нејзината конкурентност во регионот и пошироко, а првенствено, како што кажа Спасовски, за стимулација на потрошувачката.

    Се воведува платежна картичка за 100.000 граѓани со вредност од по 9.000 денари за купување македонски производи и услуги од домашни компании. Во овие сто илјади граѓани се избројани невработени лица, односно баратели на работа, приматели на социјална помош, сите лица кои се со примања под 15 илјади денари месечно.  Вредноста на картичката е 30 дена, за ова се планирани 16 милиони евра.

    Се воведува ваучер од по 6.000 денари за сместување во домашни туристички капацитети заедно со потрошувачка картичка од 3.000 денари како џепарлак за летување дома на лица со месечни приходи под 15.000 денари, а кои немаат други приходи.

    Владата ќе им даде платежни картички и на студентите, во вредност од по 6.000 денари, за покривање на партиципацијата на универзитетите, како и за сместување во студентски домови, рече Спасовски.

    Се воведува и ваучер со по 500 евра за обуки за информатичко-технолошки вештини на 100.000 млади луѓе за нивно брзо вработување по завршувањето на пандемијата. За ова се предвидени 12 милиона евра од Буџетот, кажа Спасовски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари