ВЛАДАТА ЌЕ ИСПРАТИ 100.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА ХРВАТСКА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ, КАЖА ШЕКЕРИНСКА

    ВЛАДАТА ЌЕ ИСПРАТИ 100.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА ХРВАТСКА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ, КАЖА ШЕКЕРИНСКАНајпогоден во силниот земјотрес е градот Петриња. (Фото: Јутарњи лист)

    Македонската Влада ќе испрати 100.000 евра помош за Хрватска, по силниот земјотрес од 6,2 степена што денеска ја погоди земјата, ја соопшти владината одлука од денешната седница министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    Најпогоден во силниот земјотрес е градот Петриња, на 45 километри југоисточно од Загреб, каде засега има регистрирано загинато едно 13-годишно девојче и десетици повредени, а градот е во урнатини. Во тек се акциите за спасување и проценка на штетата.

    Засега нема информации за повредени македонски државјани, a Министерствата за надворешни работи при двете земји се во постојана комуникација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира