ВЛАДАТА ЌЕ ЗЕМЕ КРЕДИТ ОД 120 МИЛИОНИ ЕВРА ДА СЕ ПОКРИЈАТ ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ

    ВЛАДАТА ЌЕ ЗЕМЕ КРЕДИТ ОД 120 МИЛИОНИ ЕВРА ДА СЕ ПОКРИЈАТ ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ„Кредитот во висина од околу 120 милиони евра ќе го враќаат општините на подолг период од 15 или 20 година со ниски каматни стапки“, рече премиерот Зоран Заев.- Претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска потпишаа договор за предавање на системот е-градежно земјиште (Фото: Град Скопје)

    Владата ќе земе кредит да се исплатат долговите на општините. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев кој рече дека одлуката е веќе донесена државата да подигне кредит и да го пренесе на општините да ги исплатат своите обврски кон добавувачи. Кредитот во висина од околу 120 милиони евра, ќе го враќаат општините на подолг период од 15 или 20 година со ниски каматни стапки.

    „Очекуваме каматните стапки да бидат од 2 до 3 отсто, што е многу пониско во споредба со сегашните 13 отсто кои ги плаќаа општините како затезни камати. Ние веруваме дека на тој начин ќе ги растовариме општини, ќе им дадеме ветер во грб за нивното унапредување во иднина, но иста така овие пари стигнуваат и до домашните компании на кои им должат општините“, рече премиерот Заев.

    Премиерот Заев се надева дека до крајот на 2018 година општините ќе бидат подготвени да преземат реализација на капитални проекти односно да ги преземат изградба на градинки, училишта, како и раководењето на домовите на култура и дел од здравствените установи да се симне на локално ниво. Заев кажа дека планираат да го пренесат на локално ниво и управувањето на шумите и земјоделското земјиште, како и изградбата на патишта со цел да се зајакнат капацитетите на општините.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира